Носителот на листата за Скопје на СДСМ се повлекува од Советот на Град Скопје

Инфомакс ексклузивно дознава дека носителката на листата за Советот на Град Скопје. Доц. Д-р Софија Пејкова се повлекува од ангажманот во Советот на градот.

Пејкова има богата политичка кариера во СДСМ, но и е почитуван доктор хирург на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

На прашање на Инфомакс, Пејкова потврди дека се повлекува од својот ангажман во советот и вели:

-Се повлекувам од Советот на Град Скопје поради зголемен професионален ангажман на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и на Медицинскиот факултет во Скопје.

Таа во моментов е директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, но воедно е и редовен професор на медицинскиот факултет во Скопје.

СДСМ во првиот круг од локалните избори за Советот на Град Скопје освои 53 илјади гласови или околу 23 проценти од излезените гласачи и освои 12 советнички места.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*