По повод изјавата на Зоран Заев дека ЛЕВИЦА се фашисти и нацисти Зоран Заев, жал ми е што не можам да ве наречам премиер, бидејќи не ве чувствувам како мој премиер. Мојот премиер не би ги навредувал сопствените граѓани, не би ги нарекувал шуто и рогато, не би го нарекувал сопствениот народ зло, а уште помалку фашисти и нацисти. Мојот премиер не би го пцуел бесрамно името македонско. Зоран Заев, очигледно сте заглавиле во својот розов свет , светот на богатството и вашиот буржујски сон кој го сонувате од транзицијата па натаму. Болни за власт, или можеби само под притисок да го завршите она што го започнавте, уништување и распродажба на Македонија , како да е таа лична ваша своина, уништување на македонската нација и на нашиот мајчин македонски јазик. Ако зборуваме за фашизам, ајде да се вратиме малку назад низ времето, кога ги изгубите изборите, но насилно ја презедовте власта. Ако зборуваме за фашизам, ајде да се вратиме на неуспешниот референдум за промена на името, кој спротивно од вољата на народот, го прогласивте за успешен. Ако зборуваме за фашизам, не можеме , а да не ги спомнеме вашите министри , Венко Филипче, кој со фашистички и дискриминаторски мерки ни го ограничи движењето и малата диктаторка Мила, која спротивно на вољата на родителите, им ги забранува учебниците на нашите деца. Зоран Заев, вие , како и секогаш со својата плиткост во своето расудување, сите од Левица ги нарековте фашисти, притоа не водејќи сметка дека во Левица има членови од сите вери и националности, чесни земјоделци и работници , а ги има и самохрани родители. Вие, мене, самохрана мајка , која со години се бори да обезбеди егзистенција за своето дете, заборавена и игнорирана од системот и од државата, пролетер, кој освен сопствениот труд и своите две раце не поседува ништо друго, се дрзнавте без срам да ме наречете фашист. Мене, која има свои прекрасни пријатели од сите вери и нации, мене , за која на светот постои само човек и нечовек, мене, чија единствена цел е борба за социјална правда, мене, која буквално со нокти гребам по закоравената земја за да го прехранам моето дете, како и сите други самохрани родители, мене без трошка срам ме нарековте фашист. Ја разбирам вашата болна желба за власт и вашиот страв од она што ве чека после слатката власт, но никако не можам да го разберам отсуството на срам и на морал кај вас. Зборувајте ми за тоа како еден аболициран криминалец стана премиер на држава и цинично му го заврти грбот и го испрати во историјата својот спасител , оној кој го аболицираше . Зборувајте ми за тоа како едно земјоделско семејство во периодот на транзицијата заработило два и пол милиони марки со продажба на пиперки и лубеници. Верувајте, ќе им помогнете на земјоделците да преживеат, бидејќи со својот чесен труд се наоѓаат на маргините, бидејќи 30 години нивните производи ги фрлаат по улиците , а родот им скапува по нивите. Зборувајте ми за работничките права и што направивте вие , кој железни опинци ќе облечевте за да донесете живот. Но, за жал, донесовте само смрт, апатија, чувство на безизлезност и безнадежност за секој граѓанин кој живее во оваа држава на криминалци кои никако да ја пуштат слатката власт од рацете. И за крај. Прифатете го фактот дека народот ви покажа каде ви е местото. Прифатете го фактот дека сте најомразен политичар во Република Македонија, кој не посрамоти сите во очите на цел свет.Затоа Зоран Заев, немојте мене да ме нарекувате фашист, само поради тоа што заедно со мојот народ си ја сакам својата татковина и заедно со моите сопартијци се борам за мојата Асномска Македонија .
фб.статус на Виолета Аврамоска

