Македонија цели 30 години се соочува со регионални насилници и за тоа треба да добие репарации, вели шпанскиот експерт за Балканот Алесандро Естесо Перез.
“Искрено се надевам дека еден ден, со среќа не многу далеку од сега, регионалното насилство од кое пати Македонија 30 години ќе биде признато и ќе биде обезбедена рамка за репарации на македонската држава” , вели политикологот Перез кој во моментов работи на Косово а предходно работел како шпански дипломат во Сараево.
Ова е неприфатливо, коментира Перез споделувајќи ја изјавата на бугарската министерка Захариева за Ројтерс во која се заканува со вето за Македонија.



