Одлуката на ДИК во четвртокот да го прифати приговорот на ДУИ за ова избирачко место, што водеше кон прегласување, Беса го искористи како повод да се потпише на иницијативата за гласање доверба на Владата во која и таа се уште учествува
Управниот суд денеска реши да ја прифати тужбата на Беса за избирачкото место 2107 во Општина Желино што значи дека таму ќе нема прегласување и дека за градоначалник е избран Блерим Сејди, кандидат на Беса.
Одлуката со која се потврдуваат резултатите од гласањето во вториот круг во Желино, ја донесе Совет на Судот, во следниот состав: Имсале Хасани – претседателка, и членовите Газменд Фејзуљи, Тања Терзиева, Валентина Конеска и Едита Насковска. Според ова, Сејди победи со 69 гласа предност пред ривалот од ДУИ, Фатмир Изаири.
Одлуката на ДИК во четвртокот да го прифати приговорот на ДУИ за ова избирачко место, што водеше кон прегласување, Беса го искористи како повод да се потпише на иницијативата за гласање доверба на Владата во која и таа се уште учествува.
Генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, во петокот го обвини коалицискиот партнер ДУИ дека им забиле нож во грб со приговорот за Желино.


