Од попладнево е во тек голема полициска акција во Скопје. Полицијата апси истражители на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) кои рекетирале познати скопски бизнисмени и ја злоупотребувале службената положба и со лажни кривични пријави ги уценувале за пари.
Еден од уценувачите е фатен со 5000 пари кои биле обележани од полицијата и бил приведен. Надлежните прават претрес во сите куќи на уапсените и одземааат се што може да послужи како доказ.

