УБИЈЦИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ЃОКИЌ СОКРИЛЕ УШТЕ 50.000 ЕВРА? Нови детали од истрагата за бруталната ликвидација на Горан, Гордана и Лидија

Иако полицијата пронашла закопани 43.000 евра во овоштарникот на Стефан Џониќ, помладиот син на Горан Џониќ, првоосомничениот за тројното убиство во Моравац, се трага по уште 50.000 евра, за кои убиецот се сомничи дека ги сокрил на друго место.

Како што дознава Новости рс од извор близок до истрагата, недостигаат барем уште толку пари од вкупната сума што исчезна од багажникот на „пасатот“ на Горан Ѓокиќ, откако беше убиен на 27 септември заедно со сопругата Гордана и ќерката Лидија. Истрагата треба да утврди дали убиецот Џониќ делото го извршил сам или имал помошници.

Според информации на Новости рс, во моментот кога полицијата ги ископала парите, Горан Џониќ успеал пред сведоците да ја грабне цевката од правосмукалката во која биле свиткани банкнотите со цел да ги „контаминира“ отпечатоците и ДНК трагите. Но, на парите кои биле внатре во цевката од правосмукалката била пронајдена неговата ДНК, но и од убиениот Горан Ѓокиќ на кого му припаѓале парите.

Кобната вечер, кога Ѓокиќ и неговото семејство кусо по полноќ излегле од домот на мајка му Стојанка во Моравац и се упатиле назад кон нивниот стан во Алексинац, на раскрсницата оддалечена половина километар, ги пречекал Џониќ. Според информациите, тој му мавнал на Горан да застане, влегол во нивниот автомобил и веднаш со придушувач ја застрелал Гордана. Се претпоставува дека чаурата, која подоцна била пронајдена во запалениот автомобил на Ѓокиќ, била токму онаа што убиецот ја испукал кон несреќната жена.

Инспекторите претпоставуваат дека со вперен пиштол во Лидија, тој му наредил на Горан да вози понатаму, на неколку километри од главниот пат низ шумата и ливадите. Таму, според информациите на Новости рс, ги убил својот брат Горан и неговата дваесет и петгодишна внука Лидија. Потоа ги запалил сите три тела. Но, покрај ова, очигледно, добро испланирано убиство, тој направил неколку грешки поради кои на 21 октомври му ставија лисици. Меѓу банкнотите, кои полицијата ги пронашла во дворот, била и сметката на Горан Ѓокиќ, која најверојатно Џониќ не ја забележал, па не ја извадил. Тој го сокрил пиштолот во оџакот од станот што го имал во Алексинац, но во полиција признал каде го сокрил и бил пронајден заедно со придушувачот.

Тој го признал делото веднаш штом биле пронајдени парите, но се обидел да си ја намали одговорноста со тоа што навел и соучесници, пред се двајцата негови синови. Полицијата се уште интензивно работи на случајот и собира докази за да утврди дали Џониќ делото го извршил сам или имал помагачи, како и дали некој знаел за неговите намери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*