Алек Болдвин го игнорирал ова златно правило за безбедно ракување со оружје: Холивудските експерти се согласни!

Актерот Алек Болдвин, кој случајно ја усмртил снимателката Халина Хачинс (42) и го ранил режисерот Џоел Соуза (48) на снимање на филм, не смеел да впери пиштол во друг човек, дури и ако верувал дека е безбедно, велат холивудските експерти

Холивудскиот актер Алек Болдвин веројатно ќе се соочи со низа правни предизвици, вклучувајќи можни кривични пријави – и како лице што испукало куршум и како извршен продуцент, одговорен за безбедноста на сетот, откриле правните експерти.

„Наполнето или празно, оружје никогаш не се насочува кон друго човечко суштество“, рекол Брајан Карпентер, холивудски консултант за огнено оружје.

„Поради безбедност, сето огнено оружје што се користи во филмски и телевизиски продукции, обично се насочува кон лажна точка, а никако не кон опремата. Никогаш не смеете да дозволите оружјето да покрива нешто што не намерувате да го уништите“, продолжил Брајан од фирмата Dark Thirty Film Services, која се занимава со услуги, обука и изнајмување оружје за филмска и ТВ продукција.

На Болдвин му било кажано дека е безбедно да го користи реквизитот неколку минути пред да го испука куршумот што ја усмртил Халина, пишува во барањето за налог од шерифот на округот Санта Фе.

Помошникот на режисерот, Дејв Холс, не знаел дека оружјето имало вистински куршум внатре и најавил дека тоа е ладен пиштол кога му го дал на Болдвин, пишува во судските документи.

Сепак, Болдвин би можел да се соочи со правни проблеми, меѓу кои веројатно и за убиство од небрежност, рекол адвокатот Џозеф Коста од Лос Анџелес.

„Како извршен продуцент, тој е во позиција на контрола и може да биде кривично гонет“, рекол тој.

Адвокатката за кривични дела од Њу Мексико, Ерлинда Џонсон, поранешен државен и сојузен тужител, рекла дека актерот се соочува со можна кривична одговорност за убиство од небрежност.

„Сè што државата треба да докаже е дека бил вмешан во законско, но опасно дело и дека не постапил претпазливо“, рекла таа и додала дека убиство од небрежност е кривично дело од четврти степен со максимална казна до 18 месеци.

Како што вели таа, Болдвин би можел да тврди дека некој му дал пиштол, но негова одговорност било лично да се увери дека нема вистински куршуми.

Продукцијата, наводно, била вознемирена поради огненото оружје и безбедноста на сетот. Два пати се запалил реквизит на 16 октомври и една недела претходно, а синдикалните работници рекле дека на сетот имало безбедносни проблеми.

Експертите исто така потврдиле дека не би требало да има боева муниција на сетот.

Нови детали за смртоносното пукање на Болдвин: Повредениот режисер опиша што се случило! (ФОТО)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*