Судиските записи од истрагата покажал дека помошник режисерот му го дал пиштолот на актерот Алек Болдвин и му рекол дека е безбеден, пренесува „Би-Би-Си“.
Во инцидентот за време на снимањето, Болдвин ја застрела директорката на фотографија Халина Хачинс која почина, а го рани режисерот Џоел Соуза.
Засега нема осомничени или обвинети за настанот.
Името на помошник-режисерот засега е непознато во јавноста, но во записите пишува дека тој не знаел оти пиштолот содржи боева муниција.
„Би-би-си“ наведува и дека редакцијата добила документ во кој пишува кои членови на екипата биле планирани да бидат на сетот за филмот тој ден и оти во документот е наведено и кое е одговорно лице за проверка на оружјето.
Актерот доброволно отиде на распит во полиција, а вчера за првпат по трагедијата се огласи и јавно.
„Нема зборови со кои можам да го пренесам мојот шок и тага во врска со несреќата која и го одзеде животот на Халина Хачинс, сопруга, мајка и колешка. Во целост соработувам во полицската истрага за утврдување за трагедијата. Срцето ми е скршено“, напиша Болдвин.

