По повод државниот празник 23-ти октомври – Ден на македонската револуционерна борба, – испраќаме честитка до граѓаните на република Македонија. На денешен ден 1893-тата година шестмина македонски визионери под мотото „Смрт или слобода за Македонија“ со страст и решителност започнаа да ја шират идејата за создавање на сопствена, самостојна и независна држава. Овие идеали прераснаа во водилка на македонските граѓани, круна на револуционерното движење за споделување на една заедничка идеја за сплотеност, непоколебливост и аманет за идните генерации. Сплотени во победите и поразите, со стремеж и надеж за создавање на слободна и самостојна македонска држава ја славиме храброста и подвизите на македонските револуционери, кои со чисто срце го создаваа вековниот идеал за наша една и единствена Македонија. Наша должност и завет е достојно да ги продолжиме идеалите на следбениците на македонската револуционерна борба, кои преку Крушевската Република и државотворниот АСНОМ создадоа демократска, правна, силна и модерна Република Македонија. Визијата на шестмината дејци кои на денешен ден ја создадоа првата семакедонска организација ја славиме како државен празник на независна, суверена, демократска и европска Македонија. Горди на минатото, решително и заеднички чекориме кон иднината подготвени за нови предизвици. Наша обврска и должност е да се поклониме на генерациите пред нас и да го продолжиме патот кој води кон силна и напредна Република Македонија. Македонскиот народ е еден и единствен без разлика на вера, етничка или политичка припадност. 23 Октомври е ден кој обединува многу генерации, татковци, синови и ќерки, сите со иста историска мисија за среќна и сплотена европска Македонија. 23 Октомври, е ден кој ќе биде запаметен засекогаш во историјата на Македонскиот народ. 23 Октомври 1893 година е ден на формирањето на Македонската револуционерна организација. Солун како економски, политички и културен центар на Македонија, апсорбирал значаен дел од македонското граѓанство. Во 1892-рата година во Солун нашол прибежиште Иван Хаџи Николов. Истата година како училиштен лекар во Солунската егзархиска гимназија се вработил д-р Христо Татарчев. Во 1893-тата година, Даме Груев се вработил како коректор во печатницата на Коне Самарџиев во Солун. Истата 1893-та година, како професор во Солунската машка егзархиска гимназија се вработил Петар Поп Арсов. Груев барајќи медицинска помош од д-р Христо Татарчев се запознал со него. На третата средба Груев ги отворил картите и отворено разговарале „за да се подобри политичката положба на народот“. Се’ се случило во Солун, далечната 1893-тата година, кога покрај солунскиот брег се сретнале Иван Хаџи Николов, Даме Груев и Андон Димитров. Притоа разговарале за ослободување на Македонија. Оттука излегол предлогот тројцата да формираат револуционерна организација. Иван Хаџи Николов истакнал дека на располагање ги има уште Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев и Христо Татарчев. Тие закажале заедничка средба по два дена, всушност бил закажан основачкиот состанок на Македонската Револуционерна Организација. Состанокот се одржал на 04.11.1893 во станот на Батанџиев. На него присуствувале Даме Груев, Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов, Христо Татарчев, Андон Димитров и домаќинот Христо Батанџиев. Едногласно била потврдена идејата за тајна револуционерна организација. Тогаш Иван Хаџи Николов рекол: „Од сега натаму треба да бидеме готови на секој ризик, дури и на бесилка да одиме“. На средбата од 1894-тата година било утврдено името на Организацијата „Македонска Револуционерна Организација“ (МРО), на чело со централен комитет (ЦМРК). За седиште на ЦМРК бил определен Солун. За претседател бил избран Христо Татарчев, а Даме Груев за секретар. Времено местото на Татарчев било пополнувано од Иван Хаџи Николов. Веднаш почнале да се прават првите чекори. Даме Груев сновал по хотелите и ановите во Солун, врбувајќи учители и трговци. Иван Хаџи Николов во својство на книжар, покрај учителите ги заразувал и учениците. Претседателот на ЦК, Христо Татарчев, како лекар, создавал врски со народот. МРО била внимателна, претендирала за брзо ширење на револуционерната мрежа. Даме Груев заклучува дека во Солун „добро прогресираат“. Влијанието и авторитетот на МРО се потврдило на претстојните избори за советници при црковно-училишната општина во Солун. Листата на МРО однела полна победа од 90% од гласовите наспроти проегзархиската групација. Опозицијата го оспорила изборот и побарала Егзархијата да не ги потврди изборите. Биле организирани повторни избори, и овој пат МРО победила.Нека ни е вечен Денот на Македонската револуционерна борба!
23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА!
Владово е село во Егејскиот дел на Македонија, воденско.
Селото се наоѓа на еден километар западно од градот Воден.Западно од Владово е откриена Владовската праисториска населба.Во периодот меѓу 1600 […]
Не издржа ни два дена: Владата го повлече законот за декларативна промена на полот!
Владата одлучила да го повлече законот за промена на полот кој веќе е во Собрание, потврдува за ТВ21 првиот вицепремиер Артан Груби. […]
За 2 недели 9 вakцинирани лица во Македонија пoчинaле како пocледица од кopoнавирусот – ова се најновите статистики
Министерството за здравство ја објавува двонеделната анализа на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19. За вакцинирани се сметаат лицата […]
Нови детали за лyдилото во „ceкс кампот“: Малолетно девојче добило награда за најдобри гpaди, друго било избpkано во 2 наутро затоа што oдбилo да cимулиpa ceкс – дејствијата се случувале пред манастир
По објавената сторија во „Слободен печат“ за скандалозниот извиднички камп што викендов се одржал во близина на Скопје, а каде […]