Алтернатива: Немаме потреба да ѝ помогнеме на една влада која е во слободен пaд

Алтернатива нема намера да се приклучи кон владејачкото мнозинство. За можните предизборни коалиции велат дека се уште не разговарале со раководството во партијата и коалиционите партии.

Ова е одговор по вчерашната ТВ дебата во која министерот за земјоделство Аријанит Хоџа каже дека може и да се повлече од министерското место за да влезе Алтернатива во владината коалиција, а министерот за економија Бектеши од ДУИ рече дека нема ништо против тоа.

Немаме потреба да ѝ помогнеме на една влада која е во слободен пад. За секоја друга опција останува да одлучиме по вториот круг на изборите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*