МАКЕДОНИЈА до МАНЧЕСТЕР 🇲🇰

✍️

Ако некој беше посреќен од Кристијано Роналдо по реализацијата за 3-2 на дуелот против Аталанта, тоа несомнено беше АЛЕКСАНДАР ЗЕЛЕНИКОВСКИ кој веднаш го украде вниманието на камерите со својата емотивна прослава на голот.

✍️

Александар го следи Манчестер Јунајтед постојано, присуствува на домашните натпревари, но ги бодри „црвените ѓаволи“ и на гостувањата. Каде и да се појави со него го носи ЗНАМЕТО СО СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ. Вели дека е исклучително среќен што токму поради тоа знаме – луѓето го препознаваат.

✍️

Во Јунајтед се има „заљубено уште во мали нозе“, а главна причина за таа љубов е ЕРИК КАНТОНА.

🗣

„ Порано англиски фудбал се емитуваше на првиот канал на МРТ. Татко ми навива за Милан, но гледаше и други лиги, па се погоди да го гледаме Манчтестер Јунајтед. Еден играч на тој тим посебно се издвојуваше. Кога Ерик Кантона постигна гол, начинот на кој го прослави и реакцијата која ја предизвика кај навивачите, беше доволна да си кажам – тоа е тоа. “

✍️

Првиот натпревар кој го следи во живо е гостувањето на Јунајтед во Романија кај Отелул, меч во рамки на Лигата на Шампионите (2011 година).

🗣

„Мојот прв натпревар проследен во живот беше дуелот Отелул-Манчестер Јунајтед, во Романија. Тој меч нема никогаш да го заборавам. Стрелец на головите беше Вејн Руни, кој ми е еден од омилените играчи“.

✍️

Александар веќе се подготвува за наредниот предизвик на Јунајтед, мега дербито против Ливерпул, на кое очекува ПОБЕДА.

🗣

„Ливерпул игра фантастично во последно време, меѓутоа секое дерби во Англија е приказна за себе. Секогаш очекувам и посакувам победа на мојот Манчестер Јунајтед“.Повеќе фотографии од Александар во врска со вчерашниот натпревар може да погледнете во коментар. Во меѓувреме поддржете го и неговиот фан клуб MUSC-Macedonia,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*