Трагедија каква што не се памети – експлодирал мобилен телефон и убил 11-годишно дете на сред онлајн настава

Единаесетгодишно дете во Виетнам починало откако му експлодирал мобилниот телефон и се запалил додека следел онлајн настава, објави The Sun.

Поради епидемиолошките мерки, детето следело настава од дома. Носел слушалки кога телефонот, кој бил приклучен на полнач, експлодирал, а од експлозијата му се запалила облеката.

Соседите се обиделе да му помогнат на момчето, но во несреќата тоа се здобило со тешки изгореници и починало истата вечер.

Засега не е познато каков мобилен и каков полнач бил користен. Полицијата ја истражува оваа бизарна смрт на 11-годишното момче.

Ова е втор сличен инцидент со смртни последици од мобилен телефон во рок од неколку дена. Претходно во индија почина 18-годишен ученик откако се запалил неговиот кревет кога телефонот бил приклучен на полчнач. Тинејџерот починал поради тешки изгореници на телото, објави вчера The Times of India.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*