Се нудат милионски суми за да не падне сегашната владина коалиција

Ни мртов не би го повлекол потписот за рушење на криминалната Влада на СДСМ и ДУИ, вели во изјава за Алмакос, Абдула Салиу, пратеник од Алијанса на Албанците само неколку дена откако беше објавена онаа фотографија во Собранието на Република Македонија на која лидерите на опозициските партии плус Беса најавија ново парламетнарно мнозинство и гласање за недоверба на Владата на Заев.

-„Јас, Абдула Салиу, уште од влегувањето во политичка партија, а уште повеќе кога станав пратеник, кажав дека секогаш ќе бидам на страната на народот и неговиот глас. Затоа, сметам дека е разумно да го појаснам мислењето и активистите на опозициската коалиција дека – ниту мртов не го повлекувам потписот за рушење на оваа криминална и тендерска власт ДУИ-СДСМ!“ – нагласи заменикот Салиу за Алмакос.

По вчерашното лавирање на пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи кој тврдеше дека бил излажан и дека не знаел оти својот потпис за рушење на Владата ќе го стават и пратениците на Левица оваа изјава на Салиу добива на дополнителна тежина во очите на јавноста.

На социјалните мрежи веќе се шпекулира дека криминални групи под директна контрола на ДУИ и СДСМ директно се закануваат на пратениците кои имаат можност да ја испратат власта во опозиција. Целата статија прочитајте ја ТУКА Извор: инфомакс.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*