Францускиот претседателски кандидат Ерик Земур беше нападнат на неговиот прв предизборен митинг во Вилпенте, во близина на Париз.
Имено, додека Земур (63) се движел кон сцената низ толпа поддржувачи, маж со двете раце го фатил за глава обидувајќи се да го собори на земја.
Ова, инаку, не е единствениот инцидент што се случи на маргините на митингот, бидејќи група активисти од здружението „СОС Расизам“ беа нападнати од повеќе приврзаници на Ерик Земур.


