Нисија е село во Егејскиот дел на Македонија, воденско

Селото се наоѓа на 8 километри северозападно од Воден, на 520 метри надморска височина, во падините на планината Ниџе.Во 1741 година јужно од селото била изградена црквата „Раѓање на Пресвета Богородица“, која во 1969 година била прогласена за споменик на културата.Во XIX век Нисија било македонско село во Воденската кааза на Османската империја.Селото многу настрадало за време на Граѓанската војна во Грција. Многу од жителите спас нашле во државите на Југославија.Во селото најмногу се произведува жито, арпаџик, јаболки и цреши.Истакнати личности:Хаџи Христо (1773/4 – ?), револуционер, учесник во грчката војна за независност.Сотир Гарелов, револуционер на ВМОРО, комита во четата на Никола Иванов.Фотографија од Stilianos Samartzis.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*