Се наоѓа во крајниот западен дел на Егејскиот дел на Македонија, југозападно од градот Лерин во правец на областа Преспа и албанско-грчката граница.Врвот Вич е делумно каменест и опкружен со високи треви, а до него се стигнува низ густи зимзелени шуми.За време на Граѓанската војна во Грција (1945-1949) на врвот Вич на Нередска Планина се одржала најголемата битка помеѓу ДАГ и монархофашистичките сили. Најголем број од борците во составот на ДАГ го сочинувале Македонци, а сосема мал дел биле Грци (претежно команден кадар). Неколку години пред Битката на Вич се одржало и советувањето и обединувањето помеѓу КПГ и НОФ.Вич опеан во македонски народни песни;„Голем мерак имам, мамо“ – македонска народна песна.„На Вичо, еј Вичо планина“ – македонска народна песна.„Покрај Вичо брезно место“ – македонска народна песна.