Пукотници на средношколски натпревар, играчите паѓаа, луѓето бегаа! (ВИДЕО)

Грозоморните сцени се случија во Алабама, САД, по што лекари се борат за животот на едно лице. Станува збор за средношколски натпревар на американски фудбал, при што избило пукање на трибините.

Имено, на дуел помеѓу училиштата Вигор и Вилијамсон, четворица гледачи биле повредени, а еден се бори за живот.

Се се одвивало на западниот излез од трибината на стадионот пред самиот крај од натпреварот, кога тројца мажи и една жена биле повредени во пукањето. Медиумите јавуваат дека меѓу повредените има и малолетници.

Полицијата брзо се појавила на лице место за да ја смири ситуацијата, а веднаш потоа се појавија и видеа од овој настан, кои покажуваат дека било доста драматично.

https://twitter.com/i/status/1449210696273694721

Откако се слушнале истрели, луѓето почнале да бегаат, а играчите на теренот легнале на земја. Во тие моменти не се знаело што поточно се случува, а наскоро играчите се повлекле во соблекувалните.

Полицијата, неофицијално, трага по сторителите кои избегале од стадионот и се оддалечиле со бел автомобил, но се уште нема информации за нивните мотиви.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*