Македонија го затвори воздушниот простор за руските авиони

Владата на Република Македонија на денешната 18-та седница донесе одлука да се приклучи на препораките на ЕУ и на земјите членки кои веќе донесоа таква одлука, да воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Македонија за авио компании од Руската Федерација.

Од оваа одлука се изземаат хуманитарните и летовите кои се во случаи на итност.

Владата ја задолжи АД во Државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ да ја отпочне постапката за спроведување на оваа одлука и да ги извести Европските воздухопловни власти за забраната за влез во воздушниот простор на Македонија за авио превозници регистрирани во Руската Федерација.

„Владата тукушто одлучи да им се придружи на други ЕУ држави во забраната за прелет на руските авиони во воздушниот простор. Ние сме одлучни во нашата поддршка за Украина и ја повикуваме Русија веднаш да престане со воените акции. #StandWithUkraine“ – напиша на друштвените мрежи Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Ваква одлука донесоа повеќето европски земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*