Таа била директен учесник во егзодусот на Mакедонците од своите огништа во 1949 година. Родена била во село Шештево, Костурско. Како младинска активистка била една од многуте „мајки“ кои биле одговорни за малолетните деца од подрачјата со борбени дејствија во текот на Граѓанската војна во Грција. Минувајќи го патот од село Љубојно, преку Битола и Романија, стигнала во Полска, каде долги години работела како воспитувачка, учителка и педагог на македонските деца. За својата пожртвувана работа била одликувана со највисоки државни признанија и медали во Полска.По враќањето во Република Македонија, Атина Поповска ги претставувала сите мајки на егејската голгота во Президиумот на големиот „Собир на децата-бегалци“ што се одржал во 1988 година во Скопје. Во таа пригода и била доделена честа да го отвори споменикот на Децата-бегалци во паркот жена-борец во Скопје.Од нејзините интимни искажувања била сочинета највисоко наградената радио-емисија со наслов „Децата на мајка Тина“, на авторот Благоја Стоилковски. Со запис на таа емисија, пред многу години и официјално била отворена Касетната продукција на Македонската радиотелевизија.
Жална вест. 🖤🕯 Почина Атина Поповска.
Макрон му се налути на Бајден за навредите кон Путин: Никогаш не би употребил такви зборови!
Макрон реагира на коментарите на „касапот“ на Путин на Бајден. Ескалацијата на конфликтот во Украина со зборови или дела треба […]
Во Албанија убиен полициски офицер при контрола на парцели со канабис
Полициски офицер од секторот за криминал е застрелан претпладнево во момент кога заедно со други колеги биле на работна задача […]
ОГНЕН ФРОНТ: Три големи пожари се споија во Австралија
Три големи пожари во Австралија се споија и формираа огнен фронт со големина на еден град. Властите предупредуваат на влошување […]
Видео Заев: Болницата во Тетово беше без дозвола за градба, и што сега, да се посипеме со бензин и ние да се самозапалиме?
На новинарските прашања за начинот на изградба на модуларната болница во Тетово премиерот Зоран Заев одговори дека таквиот вид болници […]