Сообраќајка на патот Охрид – Кичево, повредени три лица

На 09.10.2021 во 10.20 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, на спојката со локалниот пат за селото Годивје, општина Дебрца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорд“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(48) од Кичево и патничко возило „опел мерива“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(62) од Скопје, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С., а со телесни повреди се здобиле две сопатнички од истото возило, Б.С.(22) и Б.С.(52), двете од Скопје, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, истакна Димоски.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*