Австрискиот канцелар Себастијан Курц, поднесе оставка по обвинувањата за проневера и корупција.
„Мојата земја е поважна од мене“, рече Курц.
„Бев само човек“, рече во изјавата вечерва заблагодарувајќи се на сите за досегашната соработка.
„Сакам да направам простор за спречување на хаосот и да осигурам стабилност“, истакна тој.
Курц го предложи министерот за надворешни работи Александар Шаленберг да го наследи на местото канцелар.

