Ѓорѓиевски: Ќе донесам над 200 бизнисмени да инвестираат во Битола

Носителот на листа Стефан Ѓорѓиевски од Интегра Македонска конзервативна партија рече доколку му ја дадат битолчани довербата ќе донесе над 200 бизнисмени кои ќе инвестираат во Битола.

„ Чест ми е што сум предложен од Интегра Македонска конзервативна партија да ја претставувам овде во мојот град во Битола. После 50 години конечно некој од нас од дијаспората да дојди и да им покаже во општината во самиот град што ние таму  имаме видено и научено. Битола е запоставена во овие 30 години. Се надевам дека битолчани и цела Пелагонија ќе смогнат сила и разум и конечно ќе сватат дека е време да им дадат шанса на помалите партии.

Се надевам дека ако ми дадат шанса нас овде во Битола ќе се обидам со моето искуство од Автсралија што го имам, да донесам повеќе од 200 бизнисмени кои ќе инвестираат овде во градот Битола, а сигурно од повеќе ние имаме над 1000 македонски бизнисмени во Австралија кои сакаат да инвестираат во Македонија, но нажалост, посебно оваа влада веќе апсолутно несака да смета на македонската дијаспора  која ја игнорира, а навистина тоа е големо зло за нашата држава, затоа што  имаме таму луѓе кои имаат капацитет, кои имаат фабрики, кои имаат бизниси кои можат да помогнат во Македонија.

Се надевам дека битолчани ќе го дадат гласот за број 20 овде и сигурно повеќе, нивниот глас овде во Битола ќе се слушни преку нас, а тоа ќе го направиме со срце и душа за Битола“, рече Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*