Талибанците уапсија седум терористи од ИСИС

Uncategorized

Вкупно седум милитанти на ИД се приведени во Авганистан поради подготовка на напади во провинцијата Хост, соопшти вечерва гувернерот на провинцијата Мохамад Наби Омари.

– Талибанските борци приведоа седум борци на ИД кои планираа терористички напади во провинцијата Хост. За време на сослушувањето, тие дадоа важни признанија, изјави гувернерот, цитиран од катарската телевизија Ал Џезира.

Во експлозија во џамија во југоисточната авганистанска провинција Хост минатата среда загина едно лице, а 14 беа повредени. Одговорноста за нападот ја презедоа екстремистите од ИД.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *