Како човек никогаш нема да прифатам дека за смртта на 14 луѓе во Тетово може да биде виновен кабел или нечиј полнач за телефон, без да има одговорност за нефункционирањето на системот за кој министерот и заменик министерот се директно одговорни за животите на пациентите во болницата. Заев треба да престане да се надева дека ќе веруваме во неговите глупости кои имаат јасна цел – да ја сокријат објективната вина, негова и на неговите министри. Кој дозволил таква инсталација во болницата и немање на противпожарни апарати?Кој дозволил опасни боци на кислород во необезбедена болница?Кој дозволил роднини на пациенти и други цивили во болницата? И кој друг ако не министерот, заменикот министер и самата Влада е одговорна за животот на пациентите. Кажете и јавно на јавноста дека Заев и Ахмети здружено, како и за други тендери, се договориле никој да не одговора. Како човек ми е тешко што главни теми во нашата земја се нечие отсуство на морал и чувство за одговорност, што се прашања за кои не треба да дебатираме и треба да бидат основни вредности за кои политичарите треба да ги бранат, а не да ги рушат. Јас верувам во мојот народ. Сигурен сум и дека народот знае како да постапи и заедно да ги заштитиме вредностите во кои веруваме и да бидеме силата на промените кои сакаме да ги видиме.
Нема да прифатам дека за смртта на 14 луѓе во Тетово може да биде виновен кабел или нечиј полнач за телефон
10 години од петкратното убиство кај Смилковци, Македонија се уште тагува
Денеска се навршуваат десет години од едно од најгрозоморните убиства во историјата на Република Македонија. На 12 април 2012 година […]
Во Грција прекин на работата на медицинските лица поради задолжителната вакцинација
Грчките власти соопштија дека медицинските работници кои работат во јавниот и приватниот здравствен сектор, како и оние кои работат во […]
Касами: Еднаш засекогаш да ги победиме ДУИ во локалната власт, па да ги тргнеме и од центрлна власт
На последниот ден од политичката кампања за локалните избори, кандидатот за градоначалник на Тетово и лидер на Беса, Биљал Касами […]
Реџепи: МВР ми додели обезбедување, јас не побарав, но имав закани по живот
Мислев да се појавам на седницата за гласање недоверба на Владата за да кажам од говорница дека не се согласувам […]