Почнаа да пристигаат првите неофицијални резултати од избирачките места. Според податоците со кои располагаме, неофицијално, во убедлива предност во Кисела Вода има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓоргиевски.
На избирачкото место 2762/1 во Расадник за Ѓоргиевски гласале 227 жители на Кисела Вода, а за неговиот противкандидат, актуелниот градоначлник на општината, Филип Темелковски од СДСМ 116 гласачи.
Од пребројаните гласови на избирачкото место 2669/1, победата на Ѓоргиевски е убедлива, 162 гласа наспротив 91 за актуелниот градоначалник.


