„Ова е прва посета на претседател на Северна Маледонија на Грција, значајна за развој на односите меѓу двете земји. Вложуваме во подобрување на нашите односи и Вашата ЕУ перспектива и ќе се согласите, целосната имплементација на Преспанскиот договор е значајна за развојот на нашите односи“, му порача претседателката на Република Грција, Катерина Сакеларопулу на македонскиот претседател Стево Пендаровски на денешната официјална средба.
На исторското прво гостување на македонски претседател по осамостојувањето на земјата, двајцата шефови на држави зборуваа за чекорите кои се преземени при имплементирањето на Преспанскиот договор и прашањата кои треба да ги затворат.
– Како човек не сум склон кон политичка патетика, но оваа наша средба има историски димензии. Нашата средба е прва после 30 години. Соработката од 2018 наваму е уште подобра, од тогаш политичките односи се развиваат. Госпоѓо претседателке, вие сте правник како и јас и сакам да ви кажам еден правен принцип кој вие добро го познавате, а е на латински. „Pacta sunt servant“ што значи “Договорите треба да се чуваат и да се почитуваат”. Најтешкиот дел од договорот е имплементиран. Имаме јасна политичка волја и намера да го испилниме до последната буква – истакна претседателот Пендаровски.



