Во аферата „Пандора документи“ има и две македонски офшор компании.
Тој податок може да се види на мапата што ја постави Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство (ИЦИЈ), кој ги објави “Пандора документите“, што содржат околу 12 милиони документи, кои откриваат дека меѓу другите, светски лидери, познати милијардери и ѕвезди сокриле милиони долари во офшор компании во земји даночни раеви.
Пребарувањето по мапата открива две компании поврзани со сопственици од Македонија.
На мапата може да се види само бројот на компании фатени во мрежата на ИЦИЈ, но не и податоци за нив. Според најаите, документите со кои се откриваат сопствениците на офшор фирмите во кои се кријат огромни суми пари ќе се објавуваат постепено, во наредниот период.


