Лекарите алармираат: Многу брзо ќе влеземе во нов есенски бран на Короната од кој треба да стравуваме

Есенскиот ковид бран е пред нас и треба да стравуваме – алармираат лекарите. Според д-р Илчо Ефкоски престојната есен и зима ќе бидат неизвесни, затоа треба да бидеме целосно подготвени за нови пикови. Тој се надева на помирна есен од претходната, но тоа не остава простор за да бидеме опуштени. Според него, главен фактор за борба со делта сојот е високиот процент на вакцинирани а Македонија тоа за жал го нема.

„За жал несоодветно се бориме, и покрај ова се ние се занимаваме со непредвидливото човечко однесување што е многу важен фактор.Има многу делови за да се предвиди понатамошниот тек на вирусот..но есента и зимата ќе бидат „интересни“.А како ќе бранува делта сојот ќе гледаме во некои делови од Македонија да имаме високи пикови, но на одредени делови како западниот дел од земјата ќе гледаме дека ќе почне да стивнува“, вели за Алфа д-р Илчо Ефркоски.

Дали ќе не спаси бустер дозата на Фајзер? Докторите велат да, ама не сите. Тие имаат неколку забелешки за препораката на здравствените власти кој треба вистински да биде на приоритетната листа за да прими трета доза.

„Според мене не беше правилна ниту одлуката за првата и втората доза, камоли за третата доза. Да трета доза треб да постои и тоа науката го дава, но се дава за ранливите категории.Оние коишто воопшто немаат примено ниту една доза, а не да се мисли за трета доза.Би требало да се даде на сите стари лица над 60 години и би требало да се даде на сите над 12 години кој што имаат коморбидитети“, изјави д-р Ефкоски.

Инаку, вчера здравствените власти најавија дека трета доза на вакцина ќе има за сите граѓани кои сакаат, а не како досега само за постари од 60 години, здравствени работници и пациенти со имунолошки болести. Експертите за ова се до поделени ставови, за дел нема опасност од мешање на вакцините туку така подобро доаѓало до зајакнување на имунитетот, за други пак не е уште научно докажано дали може да се мешаат вакцините од различни производители.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*