Прилепската група “Балканика” деновиве во сроаботка со ИН продукција реализираа нов музички видео проект од неколку кавери на фестивалски песни. Станува збор за вкупно осум такви песни, а како што истакнуваат идејата била да се зачуваат и повторно оживат малку подзаборавените песни отпеани на нашите фестивалски изданија.
-Станува збор за петтиот проект на групата “Балканика”, македонски песни свирени во живо и овој пат заедно во соработка со ИН продукција. тоа се ете така како кавери ќе ги кажеме. Станува збор за осум македонски песни, истакнува Роберт.
Целта е да ги повратат малку подзаборавените фестивалски песни пред помладата публика. Инаку групата постои веќе седум години и најповеќе ја преферира македонската песна.
-Групата “Балканика” постои веќе седма година. Останатаите членови се Љупчо Тумбевски на виолина , Боби Стојчески на клавијатури, Боби Ташкоски на ударни инструменти , Димитар Настески на дувачки инструменти. Преферираме исклучиво македонска музика, не дека не свириме и она популарно што доаѓа од соседите и тоа го свириме , но предност даваме на македонската народна музика бидејќи ние ги негуваме и народните македонски инструменти. Често на нашите настапи можат да се сретнат и кавали, гајди, зурли, тапани. Акцент даваме на фолклорот, истакнува Менде.
Токму поради тој факт групата “Балканика ” е доста барана не само во прилепскиот крај туку и пошироко во западниот регион на нашата земја. За следно најавуваат снимање и на нови авторски песни.


