Министерот за надворешни работи на Тајван, Џозеф Ву, во провокативно интервју за австралиската програма предупреди дека Тајван се подготвува за војна со Кина и го повика својот поголем индо-пацифички сосед да помогне.
Ву рече дека неговата нација ќе го одбие секој претстоен напад: „Одбраната на Тајван е во наши раце, и ние сме апсолутно посветени на тоа“, рече тој за Стен Грант шоу на Еј -Би -Си њуз.
Интервјуто треба да се емитува во понеделник навечер (локално време). „Ако Кина започне војна против Тајван, ние ќе се бориме до крај, и тоа е нашата обврска“. Тој упати апел до лидерите на Австралија за поголема поддршка на Тајван за време на растечката криза и престојниот конфликт.
„Сигурен сум дека ако Кина започне напад против Тајван, тие ќе страдаат “, се закани Ву. Оваа изјава доаѓа по упадот на кинески авиони во петокот и саботата во воздушниот простор на Тајван. Во петокот се забележани вкупно 38 авиони кои летаат кон Тајван, додека во саботата 39.
„Досега, нашите односи со Австралија [се] многу добри и тоа е она што го цениме“, додаде Ву.
Кина веќе даде одговор на овие најнови провокативни изјави од Тајван, испраќајќи во понеделник рекордни 52 авиони за да ја пробијат југозападната одбранбена зона.


