Министерот за здравство Венко Филипче, денеска кажа дека болниците во речиси сите градови полека се празнат, и дека сега сите пациенти се сместени на инфективните одделенија.
„Имаме намалување на бројот на хоспитализирани пациенти. Клиниката во Козле и во клиниката за оторинголарингологија наскоро се враќаат во стандарниот рпоцес на работа. Секаде има намалување на бројот на хоспитализирани, и сите се хоспитализирани на инфективните одделненија. Бројката на хоспитализирани во Скопје е околу 580.
Има голема разлика од општина во општина за вакцинирани. Најмногу во Вевчани 72%, над 60% Кавадарци, Неготино, Демир Капија, под 30% Липково, Македонска Каменица и Ново Село. Таа разлика на новиот бран видовме како се рефлектира та врз невакцинираните.
Вакцини има доволно од сите. Од петокот не функционира пунктот во салата Борис Трајковски, сега седум поликлиники во Скопје функционираат, и тука во две смени се одвива вакцинацијата и има доволен капацитет, и може да се јават тука граѓаните за било која доза.
Анализата на бројот на позитивни, хоспитализирани и смртни случаи уште еднаш ја потврдува ефикасноста на вакцините. Околу 79% од хоспитлизираните се невакцинирани, дури 85% од последна анализа биле невакцинирани“, кажа Филипче.

