ИЛЈАДНИЦИ НА УЛИЦИТЕ НА БУКУРЕШТ: Полициски час за викенди, само за невакцинирани (ВИДЕО)

Голем број демонстранти се собраа вчера во центарот на Букурешт за да протестираат против рестриктивните мерки, вклучувајќи пропусници, пасоши за ковид, полициски час, итн. Се проценува дека околу 15.000 луѓе се собраа синоќа на Универзитетскиот плоштад и Плоштадот на слободата.

Демонстрантите извикуваа пароли како „Слобода без сертификат“ и „Долу владата“.

Протестот се одржа пред денешното воведување на уште построги мерки. Имено, од денеска се воведуваат ограничувања за пристап до забавни содржини за лица кои не се вакцинирани. Понатаму, за невакцинираните, се воведува полициски час што ќе трае за време на викендите.

Носењето маски внатре и надвор е задолжително за сите места и градови каде што во моментов има повеќе од 6 заболени од коронавирус на 1000 жители, а тоа го вклучува и главниот град Букурешт.

Инаку, Романија е на самото дно според бројот на вакцинирани во Европската унија. Досега, 28% од населението е вакцинирано со две дози.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*