Еве како ова момче родено во Охрид ја побара раката на една од НАЈПОЗНАТИТЕ И НАЈУБАВИТЕ жени во цела Турција!

Шахин беше пресреќна и веднаш кажа „да“, а фотографиите од овој момент ги сподели на својот профил на Инстаграм и ги воодушеви сите.

Џеди Осман има 26 години и игра за „Кливленд кавалирси“ , а неговата девојка има 27 години и е позната турска актерка.

Кошаркарот пред десетина дена ја изненади својата сакана кога дојде со приватен авион по неа и ја однесе во Кападокија.

Тој на ова посебно место и предложи брак.

Момчето на познатата актерка која се прослави со улогата во популарната турска серија „Истанбулската невеста“ во едно интервју зборуваше искрено за својата љубов.


„Тоа го знаев уште првиот ден кога ја видов. Прстенот го имам од минатата година, но дури сега собрав храброст да и го понудам“ вели тој. „Ова беше најубавата работа во мојот живот. Бев многу возбуден и под стрec. Таа навистина е посебна, една и единствена“ вели тој за својата сакана.

Инаку, Џадин, кој по потекло е од Македонија, од татко Турчин и мајка од Нови Пазар, и годишно заработува околу осум милиони долари.

Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин

Неговата сакана е една година постара од него, а дијамантскиот прстен што го доби наводно е од пет карати и вреди околу еден милион турски лири.

Инаку, турскиот кошаркар Џеди Осман по потекло е од Охрид, а неговата мајка е Босанка родена во Србија. Џеди игра за тимот на Кливленд Кавалиерс и се проценува дека досега има заработено околу 50 милиони долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*