Единствениот град во светот во кој живеат само жени

Ноива ду Кордејру е рурално гратче во кое живеат жени. Основано е во 1891 година од страна на Мариа Сењорина џи Лима, која била протерана од своето село поради прељуба.

Се наоѓа во општината Белу Вале, 100 километри оддалечено од Бело Хоризонте, во централниот дел на сојузната држава Минас Жерајс. Неговото име Ноива ду Кордејру (Noiva do Cordeiro) во превод значи Невестата на јагнето.

Овој мало бразилско гратче е создадено од жена за жени, има свои правила и свој систем на уредување на работата и животот. Денес во него живеат само 600 луѓе, главно жени и едвај по некој припадник на посилниот пол.

Очекувано, ги интересираат само ергени кои се подготвени да ги прифатат нивните женски правила и да се прилагодат на новиот начин на живот.

Изненадувачки, многу мажи се одзиваат на поканата да го посетат единствениот град во светот каде што има место само за жени.


Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*