Голем скандал се обелодени откако средношколци се вратиле дома од извиднички камп организиран во близина на Скопје, насловен како „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“. Девојче учесник се обратило до училишниот психолог со писмена изјава по „едукативниот“ камп, а нејзиниот бесен родител за „Слободен печат“ открива дел од скандалозните активности кои вклучувале соблекување, прашања колку сексуални партнери имале децата, глумење секс пози, сликање панорамска слика со секс-пози до манастир.
Требало да глумат секс пози во пар и со „клецање“ да се пукне надуван кондом. „Клецање“ е зборот што го употребиле. Друга точка било да обојат гол дел од телото и да остават отпечаток на хамер. Секој учесник морал да остави различен дел од телото. Отпечатоците биле бодувани – рака 10 поени, нога 10 поени, стомак 15 поени, задник 40, гради 60, машки полов орган 80, женски полов орган 80 бодови. Децата се соблекувале, само во нивната мала група од четири луѓе, си ги боеле половите органи и го оставале отисокот. Таа видела отисоци од машки и женски полов орган, што значи дека се соблекле, го обоиле половиот орган и го ставиле на хамер пред таа мала група малолетни деца, вели во своето сведоштво за „Слободен печат“ родителот.
Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ велат дека во полиција настанот е пријавен од страна на родители. Јавното Обвинителство отворило предмет за случајот, по што ќе бидат обавувани разговори со сите инволвирани. На кампот насловен „Секс, скаутс и рок енд рол“, присуствувале околу 40 ученици од средните училишта во Скопје, но не биле организирани преку училиштата туку преку извидничкиот одред.
„Курир“ истражи од кого е финансиран овој одред и кој дозволил вакви активности:
Прв Скопски Извиднички одред е поддржан финансиски од Град Скопје и ХЕРА уште во 2019-та година. Тоа значи дека камп од ваков скандалозен вид, не се одржува прв пат. Зошто никој до сега не реагирал – не е познато. Но, алармот, секако, е веќе вклучен.

Првата јавна објава за финансирањето од страна на Град Скопје и Хера, овој одред ја исполнува со голема благодарност. Пред повеќе од две години, сомителните активности кои се прават со малолетници, се финансирани од џебот на граѓаните на Скопје.



