Трет ден изборна кампања за претстојните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври. Партиите активно на терен, со митинзи и средби со граѓаните.
СДССМ вчера беше во скопските општини.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев од Кисела Вода порача:
„Напредуваме! Создаваме нови работни места, градиме и инфраструктура и нови паркови. Денес парите се трошат за потребите на граѓаните! Го кренавме економскиот стандард. Расте просечната плата, расте минималната плата. Вложуваме во инфраструктурата, изградивме и реконструираме околу 60 градинки, голем број основни и средни училишта, 80, повеќе од 50 полициски станици, над 500 километри водоводи и канализации, над 1.000 километри патишта“ рече Заев.
Силна поддршка за кандидатот за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов и советничката листа, како и за Филип Темелковски за Кисела Вода, побара Заев на вчерашниот митинг.
