Според австралискиот попис, над 2.000 Австралијци родени во Грција се изјасниле како Македонци

После неполни 20 години, во Македонија во тек е попис на населението. Сложена статистичка опер ација од која зависи иднината и развојот на целото македонско општество.

После оној неуспешниот попис во 2011 година, овојпат решително се оди кон тоа да се добие конечно конкретна бројка за жителите и домаќинствата во Македонија

Досега се попишани над 1.100.000 граѓани. Заклучно со 20 септември, до 20 часот, попишани се 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови.

Вкупниот број на самопопишани во дијаспората досега изнесува нешто над 190 илјади, но оваа бројка стагнира. Откако почна пописот во Македонија, се самопопишале околу 3.000 луѓе.

Според австралискиот попис, Македонците родени во Грција зборуваат македонски јазик. Според анализите посветени на грчката заедница во Aвстралија.

А објавени од страна на Австралиското министерство за внатрешни работи, а кои се повикуваат на поранешните пописи на населението.

Односно на оној од 2016 година, 2.105 граѓани родени во Грција, а доселени во Австралија се изјасниле како
Македонци.

Во анализата се истакнува дека од вкупно 89.207 луѓе кои биле родени во Грција 82.207 го зборувале грчкиот јазик и 2.241 го зборувале македонскиот јазик.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*