Музичкото шоу ИмаТ немаТ од овај викенд со нови емисии

Музичкото шоу ИмаТ немаТ иако во етерот е не цела година направи вистински музички бум како во Македонија така во дијаспората, ова шоу се емитува дури на 25 телевизии,а се снима во големото студио на ИН Продукција во Охрид. Новитет во оваа емисија е  реновирано студио ,ќе се појавуваат повеќе глумци и се разбира повеќе пејачи,бендовите ќе се менуваат скоро секоја емисија .

Во првата емисија од новата сезона пратеча група се Милениум бенд од Битола,а гости се Татјана Стефановска,Елена Велевска,Благојче Стојановски Туше,Владо Костоски,Танја Јовановска,Михајло Данилоски.

Тука е и познатиот шоумен и домакин неповторливиот Жанко зш .Премиера  се емитува на единствената македонска музичка сателитска тв ИНТВ во недела 04: 00 ,12:00 и 22:00,На националната ТВ Сонце во недела 21 00 ,репризи Вторник 15:00,среда 22:00,и се емитува уште на 23 регионални тв во Македонија и една регионална во Србија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*