Не е до крајот на 2023 година: Рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид е до крајот на 2025

Во врска со изградбата на автопатот Кичево – Охрид, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски информира дека петтиот анекс со кој се продолжува Договорот и кој треба да се реализира преку измена и дополна на закон, е веќе доставен во Собранието.

-Мојот апел е до сите политички партии час поскоро да го изгласаат петтиот анекс за да може дополнително да се засилат активностите во делот на изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Ние ги отстранивме тековните прашања и сите оние проблеми што ги затекнавме во минатото и сега очекуваме час поскоро да биде усвоен и изгласан овој закон, односно дополнување на Законот за изградбата на автопатот Кичево – Охрид за да можеме да продолжиме со уште посилно темпо и динамика, а и секако согласно роковите што се дадени во овој Договор, да заврши до крајот на 2025 година целиот автопат со потсекции, со сите решени прашања, но притоа и државата да ги отстрани прашањата што ќе се јавуваат во идниот период, потенцира Бочварски.

Сепак, претходно на владина седница беше усвоена Информација со која се утврдува дека 31.12.2023 година е рокот за завршување на работите за изградба на автопатот, делница Кичево – Охрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*