Земјотрес со јачина од 6 степени, еден од најсилните што е забележан во Австралија, го погоди југоистокот од оваа земја.
Од потресот штета претрпеа неколку згради во Мелбурн.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на руралниот град Менсфилд, на околу 200 километри североисточно од Мелбурн, на длабочина од 10 километри.


