Новиот авганистански министер за одбрана е поранешен затвopeник во Гвантанамо

Uncategorized

Талибанците денеска го поставија Мула Абдул Кајум Закир за вршител на должноста министер за одбрана во Кабул.

Во извештајот на Ал Џезира се наведува дека Закир е поранешен притвореник во американскиот затвор Гвантанамо на Куба, објави Ројтерс.

Светските медиуми пренесуваат дека талибанските лидери денеска изјавија дека сакаат евакуацијата од Авганистан да заврши до 31 август и повторија дека нема да се согласат со продолжување на договорениот рок, објави претходно АП.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *