Овој викенд е во знак на новото парламентарно мнозинство, кое во петокот вечер го најави лидерот на опозијата, Христијан Мицкоски.




Тој рече дека заедно со Левица, БЕСА, АА, Алтернатива и БЕСА имаат 61 пратеник, потребно мнозинство за гласање недоверба на актуелниот владин кабинет..
Следниот ден, во саботата, Мицкоски имаше нов прес, на кој објасни дека ќе се обидат да формираат и политчка Влада, а доколку не успеат, ќе се оди на предвремени парламентарни избори.




Вчера попладнето, медиумите на албански јазик информираа дека еден од пратениците на Алтернатива, Скендер Реџепи, наводно се премислил и нема да гласа за НПМ, бидејќи не сакал да биде во коалиција со Левица.
Ваквите наводи ги негираше пратеникот Снопче од АА, но до овој момент Реџепи се нема изјаснето околу овие наводи.




Вчера исто така беше лиферувана вест дека наводно тројца пратеници од Демократската унија за интеграции, ќе преминат во НПМ. Денес, пред Генералниот совет на партијата, околу ова проговори лидерот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети.




Не сме загрижени за ситуацијата со опозицијата. За нас се приоритет државните, а не партиските интереси – да го решиме проблемот со Бугарија, да функционира земјата во нормална состојба, изјави денеска лидерот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети пред средбата на партиското раководство во Тетово.




Како што рече Ахмети, Демократската унија за интеграции е отворена за разговори со сите кои се про ЕУ и НАТО, но нема комуникација, ниту ќе има со оние што негуваат анти НАТО, анти ЕУ и анти албанска филозофија.
Демокртатски е, смета Ахмети, некој да има мнозинство од 61 пратеник, но сосема друго е стратегија, концепт и иницијатива.




На новинарско прашање дали е точно дека пратеници од Демократската унија за интеграции ќе го зголемат мнозинството на Христијан Мицкоски, Ахмети рече дека тоа се ла жни вести и дека Демократската унија за интеграции е комплетна.




-На средбата ќе се анализираат актуелните политички случувања, а целта е како да се зачува нормалната состојба во државата.
Демократската унија за интеграции е партија со голем кредибилитет и приоритет. Секогаш ги става државните интереси пред партиските. Државните интереси се приоритет и тоа е најважно.




Да го решиме проблемот со Бугарија, да функционира државата во нормална состојба. Не сме загрижени од ситуацијата со опозицијата, истакна Ахмети пред средбата.




Во врска со статусот што го објави на Фејсбук Шкодране Дардишта, членка на Одборот на директори на Македонски телеком, Ахмети потенцира дека Демократската унија за интеграции во својата ка уза ја има слободата, а таквите изјави не се во интерес на партијата и ка узата.


