Мајка очајно си го бара синот на социјалните мрежи веќе 11 месеци како што стои во нејзината објава на нејзиниот ФБ профил.

Објавата ви ја пренесуваме во целост:

Иле сине каде си? Те молам јави се. Поминаа 11 месеци а тебе те нема. Мајка сум ти те мислам. Дали знаеш како ми е? Не ми е лесно. Многу време помина, јави се те молам. Знаеш дека сум многу напатена и не дозволувај да патам за тебе незнаејќи каде си. Не ми е добро дете, тешко е за една мајка што не знае каде и е чедото. Каде се наоѓа, дали е добро. Те молам јави ми се.

Ти и батко ти сте ми моја душа. Од мојата душа сте откинати. Иле јави се.

Иле дали знаеш дека твоите другари, пријатели, бивши колеги, Лазе градоначалникот, инспекторите, роднините, батко ти и цела Македонија те бара? Па и во Србија.
СПОДЕЛУВАЈТЕ!

Еве и повеќе фотографии од Иле кои беа споделени во објавата. Доколку некој го препознае и има било каква информација нека ја извести мајка му или полицијата. СПОДЕЛЕТЕ!

Во продолжение погледнете ги фотографиите од Иле:


