Подгответе се за една од најголемите и најзначајни прослави на македонската култура во Австралија!
Ден исполнет со традиција, музика, ора, вкусна храна и најважно – македонска љубов и заедништво
Недела, 15 ноември 2026
Carss Bush Park
Оваа година фестивалот ќе биде поголем, посилен и погласен од било кога досега — вистинска прослава на нашиот идентитет, нашите корени и нашата гордост како Македонци, каде и да сме во светот 🇲🇰
Македонија живее во нас – во песната, во зборот, во обичајот и во срцето. Овој фестивал е наш заеднички доказ дека традицијата не се заборава, туку се негува и пренесува на идните генерации
НИ ТРЕБАТЕ ВИЕ!
Ги повикуваме сите што сакаат да придонесат и да бидат дел од нешто големо:
• Волонтери
• Излагачи и продавачи (stalls & vendors)
• Уметници и изведувачи
• Спонзори
Ајде заедно да ја претставиме Македонија во најубаво светло и да создадеме ден што ќе се памети!
📢 ИНФОРМАТИВЕН СОСТАНОК
Доколку сакате да се вклучите, дојдете и споделете идеи:
🗓 31 март
⏰ 7:00 часот
📍 Ilinden Club, West Botany Street, Rockdale
Дојдете со срце, со идеја и со љубов кон Македонија ❤️🇲🇰
📧 За пријави и интерес:
info@macedonianfestival.com.au
Да се обединиме, да ја зачуваме традицијата и да направиме 2026 година да остане запаметена засекогаш! 🇲🇰✨

