Споменик на војводата Александар Турунџев е ОСТАВЕН во дворот на Општина Битола и три години го чека неговото поставување
Уште во 2017 година споменикот пристигна во Битола и требаше да биде поставен на местото Ат-пазар, каде што војводата во 1905 година бил обесен од страна на османлиската власт
Кој е Александар Турунџев
Роден е во селото Горно Врбени (Екши Су), Леринско во 1872 година
Неговата револуционерна дејност траела 16 години.
Во 1904 година, војводата бил предаден од шпионот Митре Гинков, за 150 жолтици
Бил заробен и одведен во битолскиот истражен затвор каде што бил подложен на големи измачувања цела година
Турскиот суд во Битола на 29 август 1905 година го осудил на смрт, а казната била извршена со јавно бесење на битолскиот Ат-пазар, на 30 август 1905 година
Турунџев со пранги на рацете и нозете најпрво бил изложен на плоштадот во Битола. Поворката тргнала од Саат-кулата, крај Безистенот, реката Драгор, па сè до Ат-пазар. Турунџев бил сместен на запрежна кола, а напред одел телал кој ја читал веста дека ќе биде погубен. Кон поворката се приклучиле над 3 000 битолчани
Збунетиот поп пред егезкуцијата го прашал: „Кои се твоите последни зборови?“ Тогаш Александар се поткачил на некаков кош, го фатил јажето, ги подигнал очите кон небото и извикал: „Македонија ќе биде слободна
“ По извикот, сам го ставил јажето на својот врат и се обесил
И така, по 115 години, неговиот споменик е неодговорно зафрлен, наместо да биде подигнат таму каде што му е местото
Неговата смрт и предавството кон него се опеани во народната песна „Црно му било пишано“


