По информацијата дека е уапсен лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов, пратеници и симпатизери на партијата се насобраа пред неговиот дом.
Дел од пратениците од партијата на Борисов велат дека ова е самополитичка репресија врз нивниот лидер и ништо друго.
Како што претходно објавија бугарските медиуми, полиција упаднала во домот на поранешниот премиер и лидер на политичката партија ГЕРБ, Бојко Борисов како и во домовите на доста други поранешни високи функционери.



