26 август 2021 година, Битола, Македонија – На денешен ден, на 26 август 1944 година, во борба против бугарскиот фашистички окупатор, трагично загинува нашата хероината од Еврејско потекло Естреја Овадија Мара. Естреја Овадија Мара е родена во Битола на 25 декември 1923 година, во работничко еврејско семејство. Рано останала без татко. Имала уште две сестри, за чие издржување покрај мајка ѝ, што работела како перачка по богатите куќи, иако мала, се грижела и таа. Основно и средно образование завршила во родниот град Битола. Многу мала ја почувствувала сета беда на сиромаштијата и целиот бес на богатите, кај кои и самата морала да работи. Во 1938 година, со неполни 16 години, се активира во Еврејското хуманитарно друштво “Визо“ во родниот град Битола. Подоцна, истата 1938 година, заминала на работа во Белград. Нејзиниот револуционерен активизам дошол до израз за време на демонстрациите на 27 март 1941 година во Белград. Била на чело на работничката група поттикнувајќи општ револт против предавничката политика на југословенската влада. Тоа била доволна причина да стане членка на СКОЈ, а потоа уште поинтензивно да го продолжи своето револуционерно делување. По капитулацијата на Југославија, во 1941 година се вратила во Битола и се вклучила во подготовките за оруженото востание во Македонија.Член на КПЈ била од 1942 година. Непосредно пред депортацијата на македонските Евреи, на 10 март 1943 година заминала во илегала, а на 5 април 1943 година заминала како борец на Партизанскиот одред “Даме Груев“, потоа во Партизанскиот одред “Гоце Делчев“ и во други единици на Народно-ослободителната војска и Партизанското ослободување на Македонија.При формирањето на Третата македонска ударна бригада била назначена за заменик политички комесар на чета. На 22 август 1944 година при формирањето на Седмата македонска бригада била поставена за политички комесар на баталјон.Загинала во борба со бугарските фашистички окупаторски сили, во близина на врвот Кајмакчалан на 22 години. За народен херој на Југославија и Македонија била прогласена на 11 октомври 1953 година.Вечна и’ слава и Царство небесно.
УБИЕНА ОД БУГАРСКИТЕ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОРИ: ЕСТРЕЈА ОВАДИЈА МАРА 1923-1944
Повредениот пејач е Спасен Силјаноски , и е во ред
Нашата екипа успеа да дојде до контакт со Спасен Силјаноски и ни потврди дека е во ред со мали повреди […]
Пpивeдeн житeл oд Охрид – пpeтeпaл жeнa вo нejзинaтa кyќa вo cтpyшкo
На 01.10.2021 година, во ОВР Струга приведен и лишен од слобода е Л.Ц.(70) од Охрид. -Тој претходно во нејзината куќа […]
Рускиот конвој од 64 километри пред Киев им се сокри на сателитите
Со привремено расчистување на облаците околу главниот град на Украина, новите сателитски снимки направени вчера покажуваат дека рускиот воен конвој […]
Фолкерот Зоран Далчески повторно со нова песна и спот
Фолк пејачот Зоран Далчески кој живее и работи во Америка ,деновиве во Македонија снимаше нова песна овојпат одлучи да соработува […]