Два напада на аеродромот во Кабул, извештаи за 13 загинати и десетици ранети

Предупредувањата на западните сојузници се остврарија.. Десетици загинати и повредени во најмалку две експлозии попладнево близу аердоромот во Кабул.. 

Две последователни експлозии одекнаа во близина на аеродромот во Кабул- најмалку 13 луѓе загинаа во нападите, меѓу нив жени и деца. Според првичните информации, прво бомбаш самоубиец го активирал експлозивот меѓу толпата луѓе во делот резервиран за прегледи на визите на авганистанските цивили. Нема детали за втората експлозија.

Официјален Пентагон потврди дека во нападите има повредени американски војници а сите сомнежи се насочени кон териростичката организација Исламска држава за која во изминатите денови јавно се говореше дека се подготвува за напад на аеродромот.

Нападите доаѓаат неколку часа откако САД и Велика Британија ги повикаа граѓаните да не се доближуваат до аеродромот бидејќи постојат сериозни закани за можен терористички напад од страна на злогласената организација.

Нападите се случуваат во екот на масовната евакуација во која досега се извлечени речиси 100.000 луѓе. Во изминатите денови западните сојузници вршеа силен притисок врз американскиот претседател Бајден за пролонгирање на рокот за повлекување на трупите кој истекува за 5 дена. Денеска Холандија, Белгија и Унгарија соопштија дека успешно ги завршиле операциите за извлекување на сите свои државјани и соработници.

Голем број на земји најавија дека ќе ги прекинат летовите за евакуација пред повлекувањето… Франција денеска го изведува последниот лет додека пак Обединетото Кралство го посочи 27 август како последен ден. Талибанците пред десетина дена буквално преку ноќ ја презедоа целата територија на Авганистан и се вратија на власт по 20 години од падот на нивниот режим.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*