Скопјанец застрелан пред својот дом во Крушопек.
Во СВР Скопје, вчера во 17.44 часот од Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза” пријавиле дека кај нив со телесни повреди е донесен И.Н.(29) од селото Крушопек, скопско. Тој изјавил дека, додека се движел кон неговиот дом едно лице испукало еден куршум кон него, кој го погодил во ногата, по што забележал возило кое со голема брзина поминува покрај него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.