Одекна уште една експлозија во Кабул овој пат на северниот влез од аеродромот.
Две експлозии одекнаа на влезот на аеродромот во Кабул, пренесуваат медиумите. Најмалку 40 луѓе загинаа, а 100 се повредени во експлозијата, изјави локалната болница за Спутник.
Пентагон соопшто дека меѓу загинатите има и американски државјани.
Најмалку четворица американски воени лица загинаа во денешните експлозии на аеродромот во Кабул, изјавиле извори за Ројтерс.


